ANTITRAFFICKING-PARTNERS НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ
     индекс |организации |литература |настани |линкови |еnglish version

 

Отворена Порта “Ла Страда” —Скопје

 

Отворена Порта —“Ла Страда” во текот на своето постоење има реализирано бројни активности:

"Борба против трговија со луѓе во Република Македонија"


Време: 1 декември 2004-30 Ноември 2005

Место: Скопје, Куманово, Делчево, Свети Николе, Ростуше, Тетово, Кичево и Струга

Финансирано од: Католичките Служби за Помош -ЦРС Македонија

Цели:
Целта на овај проект е е подигање на јавната свест во однос на трговијата со луѓе како И директна подршка на жртвите.
Проектот содржи три кампањи од кои две на локални ниво и една на национално ниво кои што се имплементираа во сорабока со невладините организации кои се дел од неформалната мрежа.
Едномесечните кампањи се одржаа во фебруари,јуни и октомври 2005год во следниве градови Скопје, Куманово, Делчево, Свети Николе, Ростуше, Тетово, Кичево Струга и Струмица како и во регионите околу овие градови.
Во рамките на кампањите се одржаа голем број на медиумски презентации, трибини, едукативно-превентивни лекции, работилници, како и делење на едукативен материјал и анкета.
Во јуни 2005 се одржа национална кампања која што беше имплементирана преку поставување на билборди,сити лајти и мини борди во 10 града во земјава, граничните премини, кафулиња и другите фрекфентни места.
За целите на овој проект се изработи едукативен филм ,,Ти си жива,, кој што премиерно беше прикажан на 9 Јуни во Музеј на Современа Уметност а после тоа беше прикажуван на телевизиите во Македонија .
Отворена Порта" смета дека со овој проект допринесе во подигањето на јавната свест во Македонија како на локално така и на национално ниво.

*****

Борба против трговијата со луѓе во Република Македонија преку заедничка соработка

Време: 1 Јули 2005-30 Јуни 2006

Место: Скопје, Куманово,Битола Делчево, Свети Николе, Ростуше, Тетово, Кичево и Струга

Финансирано од: Католичките Служби за Помош -ЦРС И Царитас Франција

Цели:
Главната цел на проектот е формирање јака мобилизирана национална мрежа која што со своите активности ке допринесе за намалување на трговијата со луѓе како и подобрување на услугите кои што им се нудат на жртвите од трговија со луѓе. Мрежното работење на организациите ке овозможи размена на информации и искуствата како и ке го подобри квалитетот и ке ја зголеми важноста на работата на секоја организација поединечно.
За остварување на целите на овај проект ке се превземат следниве активности:
-семинар за формализирање на мрежата при што ке се одредат нејзината мисија,визија и ке се формира платформа на мрежата
-семинар за креирање на план за годишните активности на мрежата како И план за одржливост на мрежата и определување на координативно тело кое што ке ја води мрежата
-припрема на електронски и печатен весник и негова дистрибуција до сите релевантни фактори
-абдејтување на веб страната на мрежата
-обука за работа со жртви од трговија со луѓе

Во имплементирањето на овај проект се вклучени следниве организации:
НВО "Продолжен живот" - Струмица
НВО "КХАМ" - Делчево
НВО "Семпер" - Битола
НВО "Форум на албанската жена" - Тетово
НВО "Езерка" - Струга
НВО "Фемина"-Куманово
НВО "Халча Ал Брова" - Куманово
НВО "Организација на жени на општина Свети Николе" - Свети Николе
НВО "Радика" - Речански Крај
НВО "Организација на албанската жена" - Кичево
НВО "Темис"-Скопје

*****

ЛА СТРАДА - ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА 'FREE YOUR MIND'
MTV EUROPE MUSIC AWARDS 2004

Место : Tor Di Valle , Рим, 18 Ноември 2004:

MTV EUROPE наградата 'FREE YOUR MIND' и ја додели на Ла Страда организација, посветена на борбата против трговијата со жени во Европа.
Во името на Ла Страда, наградата на МТВ ја прими Alicia Keys.
Распадот на Советскиот Сојуз во 1990 година, војните во бившата Југославиија ,предизвика економска и политичка нестабилност во регионот што беше проследена со пораст на криминалот. Во организираниот криминал се вовлекуваат млади жени од овие земји кои имаа желба да најдат работа во Западна Европа. Со лажни понуди за студирање или работа тие ги вовлекуваат овие жени во присилна проституција. Заедно со зголемента побарувачка на секс индустријата, трговијта со жени во Западна Европа стана уште поголема трагедија. Некои проценки кажуваат дека секоја година во Европа околу 500.000 девојки и жени се тргувани заради сексуална експлоатација.
Ла Страда е организација чии цели се, да обезбеди клучни информации за младите жени, како и обезбедување на психосоцијална, и медицинска помош-оспособувајќи ги да продолжат со животот. Целите на Ла Страда се да ја направи трговија со жени повидлива за државните институции, медиумите и целокупната јавност. Да ги едуцира младите девијки за опасностите од трговијата со луѓе.
Ла Стрда ги остварува целите преку спроведување мултидисциплинарни приоди на информирање и лобирање, превенција и едукација и социјална асистенција.

*****

Подигнување на свеста на децата Роми за проблемот трговија со луѓе.

Време: 1 Јуни 2005 - 30 Ноември 2005 година.

Место : Скопје

Финансирано од ИОМ (Интернационална Организација за Миграции) -Скопје

Превентивни лекции за децата Роми и презентација на СОС линијата

Цели:
Едукативни лекции за подигнување на јавната свест кај мпадата популација особено кај учениците припадници на Ромската популација.
Презентација на СОС линијата за помош од трговија со луѓе и услугите кои ги обезбедува.
3. Запознавање на учениците за проблемот трговија со луѓе.
4. Информирање на децата Роми за начините преку кои можат да бидат вовлечени во оваа криминална мрежа какои за мерките за заштита.
5. Дистрибуција на едукативни материјали мегу учениците.
Превентивните лекции и презентациите на СОС линијата беа одржани во основните училишта во село Петровец, Долно Коњари, Идризово и населбата Шуто Оризари.

*****

Време: март 2005- март 2007 година

Место: Р.Македонија

Финансирано од УСАИД во соработка со ОБСЕ
" Резиденција" е Прифатилиште за жртви од трговија со луѓе каде се обезбедува директна подршка на жртви и потенцијални жртви од трговија со луге.
Во Резиденцијата се нудат специјализирани сервиси за корисниците како сместување, храна, облека, психо-социјална подршка, медицински третмани, правна помош и занаетчиски тренинзи. Тимот од тренирани професионалци каде се вклучени социјални работници и психолози се достапни 24 часа на ден. Резиденцијата се наоѓа на тајна и безбедна локација.
Генерално жртвите и потенцијалните жртви од трговија со луѓе можат да бидат примени во Резиденцијата врз основа на направената анализа од страна на тимот во Резиденцијата. Сите жртви на трговија со луге можат да бидат вклучени во Програмата на Резиденцијата единствено на доброволна основа. Информации Што се однесуваат на жртвите или се поврзани со нив се чуваат доверливо и тајно.
Секој граганин, институција или организација може да контактира со тимот на Резиденцијата и да даде информација за слуцај на трговија со луге на:

070/359-250 и 070/359-251 или

СОС линија за информација и превенција од трговија со луге
0800 11111

*****

ПРЕВЕНЦИЈА, ЕДУКАЦИЈА И СОЦИЈАЛНА АСИСТЕНЦИЈА НА ЖЕНИ ЖРТВИ НА ТРГОВИЈА СО ЖЕНИ

 Време: Јануари-Септември 2001
 Место: Скопје
 Финансирано од: Kvinna till Kvinna

ПРЕВЕНТИВНИ ЛЕКЦИИ ЗА ДЕВОЈКИ ОД МАКЕДОНИЈА 

 Цели на проектот:

•Тренинзи за членовите на Отворена порта за успешна работа во борбата против трговијата со луѓе;
•Да се доближи проблемот на трговијата со жени до јавноста;
• Информирање на младите девојки за начините преку кои можат да бидат вовлечени во трговијата со луѓе и нивна заштита.

За време на проектот беа реализирани повеќе превентивни лекции со кои беа опфатени 86 девојки од различни градови во Република Македонија.
 Во текот на проектот беше направена идентификација на локални невладини организации кои покажуваат интерес за работа на проблемот на трговијата со луѓе. Соработката со овие организации продолжува.

 

*****

V-day Светска кампања против насилството врз жените

 Време: 5-ти Март 2002 година      
 Место: Скопје
 Финансирано од: Kvinna till Kvinna, Swedish SIDA, UNHCR, World  Learning, Star Network, Министерство за култура на Република  Македонија.

Цели:

•Подигање на јавната свест во Република Македонија за постоење на проблемот на насилство врз жената;
•Лобирање на јавните институци, министерства и медиумите да ја поддржат оваа иницијатива;
• Јавноста на Република Македонија да се запознае со работата на невладините организации кои се борат против овој проблем;
•Собирање на средства кои ќе бидат употребени за поддршка на жените жртви на насилство и трговија со луѓе.

За време на реализацијата на овој настан беше одржана Прес конференција и регионален состанок на 100 НВО од Република Македонија и регионот. Централен настан беше изведбата на преставата “Вагинални монолози” и присуството на авторката —Ив Енслер. Со овој настан Република Македонија се вклучи во светската кампања против насилството врз жената.


*****

V-day Светска кампања против насилството врз жените

Време: 27 Март 2003 година     
Место: Скопје
Финансирано од: Kvinna till Kvinna, Swedish SIDA, OSCE.

Цели:

•Подигање на јавната свест во Република Македонија за
постоење на проблемот на насилство врз жената;
•Лобирање на јавните институци, министерства и медиумите да ја поддржат оваа иницијатива;
•Јавноста на Република Македонија да се запознае со работата на невладините организации кои се борат против овој проблем;
•Собирање на средства кои ќе бидат употребени за поддршка на жените жртви на насилство и трговија со луѓе.

Централениот настан се одржуваше во хотелот “Холидеј Ин” каде беше организирана добротворна аукција каде организаторите и другите НВО од Р. Македонија донираа предмети кои беа изложени на аукцијата, а присутните гости можеа да ги купат своите омилени предмети по пат на надавање. Средствата кои беа собрани од оваа аукција беа наменети за жените жртви на  трговија со луѓе и домашно насилство. Со овој настан Република Македонија повторно беше дел од светската кампања против насилството врз жената.


*****

СОС линија за информација и превенција од трговија со ЛУЃЕ 
02 2777-070 за интернационлни повици
0 800 11111-бесплатна сос линија

Време: Август 2002-Декември 2004
Место: Скопје
Финансирано: UNICEF, OSCE, Македонски Телекомуникации и Мама Кеш.

ЗА ПОЕФИКАСНА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ, НВО ОТВОРЕНА ПОРТА ОД 1 ОКТОМВРИ 2002 ОТВОРИ СОС ЛИНИЈА ЗА ИНФОРМАЦИЈА И ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ, НА КОЈА ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ ЖРТВИ И ЖРТВИТЕ НА ТРГОВИЈА СО ЖЕНИ МОЖЕ ДА ДОБИЈАТ ИНФОРМАЦИИ, АСИСТЕНЦИЈА И ПОДДРШКА НА НЕКОЛКУ ЈАЗИЦИ.
НА СОС ТЕЛЕФОНСКАТА ЛИНИЈА КОНСУЛТИРААТ ДЕВЕТ ОПЕРАТОРKИ, СЕКОЈ ДЕН ПО 12 ЧАСА ДНЕВНО, ОД 08-20 ЧАСОТ. ОПЕРАТОРИKТЕ НА СОС ЛИНИЈАТА ОБЕЗБЕДУВААТ ПОВЕЌЕ ВИДОВИ ПОМОШ:

•Основни информаци од трговија со луѓе;
•Емоционална помош;
•Психо- социјална помош;
•Информации за безбедно заминување или работа во странство;
•Основен правен совет;
•Информација и асистенција на клиентот во неволја;
•Помош при воспоставување контакти со соодветно релевантни институции;
•Помош при враќање во матичната земја;
•Насочување кон други служби.

Време: 1 октомври 2003—30 април 2004
Место: Скопје, Битола, Куманово, Делчево, Свети Николе, Ростуше, Тетово, Кичево и Струга
Финансирано од: УСАИД преку Институтот за Трајни заедници во рамките на програмата за демократска соработка.

ПРЕВЕНЦИЈА НА НИВО НА ЦЕЛАТА ДРЖАВА

•Целта на овој проект е обезбедување на поефективна превенција, како и пренесување на своите знаења и експертиза од областа на трговијата со луѓе на други невладини организации од републикава;
•Со имплементацијата на овој проект ќе се допринесе за засилување на превенција на локално ниво, а со тоа и поефективна борба против овој вид на организиран криминал;
•Процесот на проценка на организациите започна со создавање на листа на можни локални НВО кандитати, а беше употребена дата базата на локални НВО од Отворена Порта, но исто така беа прибрани и контакт листи од ОБСЕ мисијата, ИОМ и Институтот за трајни заедници;
•За процесот на селекција беа создадени прашалници кои беа испратени до 30 организации, од кои 20 влегоа во потесниот круг и беа посетени и интервјуирани од тимот на проектот на Отворена порта;
•Крајната селекција на НВО се состои од листа од 10 НВО од предвидените градови.

 

*****

АКТИВНОСТИ НА ЛА СТРАДА ПРОГРАМАТА:
АКТИВНОСТИ СПРОВЕДЕНИ НА ЛА СТРАДА ПРОГРАМАТА ЗА ИНФОРМИРАЊЕ И ЛОБИРАЊЕ:

•Продолжување со медиумски кампањи, воспоставување медиумски контакти, давање интервјуа, пишување и објавување натписи;
•Едукација и подигање на свеста помеѓу групите од професионалци, донесувачи на одлуки и широката јавност
•Адресирање до членовите на парламентот и владините институции;
•Организирање на семинари, конференции и работилници за невладини и владини организации;
•Собирање на информации во поглед на националните закони за проситуцијата и трговијата, како и надгледување на процесот на имплементирање на интернационалните стандарди;
•Развивање Национален план за акција против трговијата со жени.

 

*****

АКТИВНОСТИ СПРОВЕДЕНИ НА ЛА СТРАДА ПРОГРАМАТА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЕДУКАЦИЈА

ЕДУКАЦИЈА НА РИЗИЧНИ ГРУПИ

•Издавање и распространување едукативен и информативен материјал, наменет за различни целни групи- млади девојки во училиштата, универзитетите сиротилиштата, невработени жени, жени со минимални приходи, сексуални работнички итн.;
•Одржување превентивни лекции во училиштата, универзитетите и останатите институции;
•Остварување соработка и организација на семинари за обука на агенциите за вработување, невладините организации, амбасадите, полицајците, учителите и сите останати кои може да бидат вклучени во превентивните активности;
•Распространување на С.О.С телефонскиот број на локалната Ла Страда, помеѓу (можните) жртви од трговијата со жени, како би можеле младите жени кои бараат совет за работа во странство, да се информираат за можните ризици и можните решенија.

 

*****

АКТИВНОСТИ СПРОВЕДЕНИ СО ЛА СТРАДА ПРОГРАМАТА ЗА ДИРЕКТНА ПОДРШКА:

ЦЕЛОСНО ЗАСТАПУВАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ НА ЖРТВИТЕ

•Развивање на комплетна програма за преживеаните од трговијата со жени, вклучувајки емоционална и социјална поддршка, сместување, медицинска и правна помош;
•Водење на локални С.О.С линии и обезбедување анонимни консултации и реални/практични совети од медицински, правен и социјален аспект и тоа наменети за жртвите и преживеани од трговијата со жени и за нивните најблиски;
•Застапување за посебните потреби на преживеаните од трговијата и нивно упатување кон социјални прифатни установи;
•Развивање на интернационални мрежи од невладини организации и други институции заради овозможување безбедно враќање на жените во своите земји;
•Создавање локални и национални мрежи со соодветни установи и институции за поддршка на преживеаните.
 

 

 

 

 

 

 

 

индекс |организации |литеартура |настани |линкови
еnglish version